По трите врзани победи, ЛА Анџелс дојдоа до вториот последователен пораз, откако синоќа беа поразени во калифорнискиот дуел.
Имено, Сан Франциско Џајантс славеа над ,,Ангелите” со 5-0 и на тој начин ја запишаа својата втора победа во низа со убедлива поен-разлика од 16-2.
,,Гигантите” ги постигнаа поените во првите два ининзи, поентирајќи четири пати во првиот и еднаш во вториот период.
По еден хоум-ран за победничкиот состав забележаа Вилмер Флорес и Маурисио Дубон, а по четири бази освоија Мајк Јастрземски, Дерин Раф и Брендон Белт.
Неверојатни партии имаа и двата фрлачи, Ентони ДеСклафани (Џајантс) и Ендру Хини (Анџелс), кои освоија по девет, односно по десет страјк-аути.
Во Националната лига, Џајантс (47-26) останаа на првото место, додека Анџелс (36-37) ја заземаат десеттата позиција во Американската лига.