Феникс Санс поведоа со 2-0 во полуфиналната серија против ЛА Клиперс, откако синоќа славеа со 104-103.
Во текот на натпреварот, ниеден тим не поведе со двоцифрена разлика во ниту еден момент.
Изденаченоста кулминираше во завршните секунди, кога при водство од 102-103, Пол Џорџ промаши две слободни фрлања за Клиперс, а во наредниот напад, Деандре Ејтон им донесе победа на Санс.
Накрај, Ејтон го заврши мечот со дабл-дабл од 24 поени и од 14 скокови, а од неговите соиграчи, поефикасен беше само Камерон Пејн со 29 поени.
Кај Клиперс, Пол Џорџ уфрли 26 кошеви, а Ивица Зубац забележа дабл-дабл учинок (14 кошеви и 11 скокови).