Мелбурн Сторм и Нов Зеланд Вориорс го одиграа првиот денешен натпревар во рамките на седмото коло од НРЛ. Номиналните домаќини славеа убедливо со 50-6, а Австралиецот со македонско потекло, Пол Момировски, постигна два од вкупните девет есеи за својот тим.
Освен Момировски, есеи постигнаа и Вунивалу (х3), Папенхујзен (х2), Смит и Адо-Кар. Единственото полагање за Нов Зеланд го постигна Херберт.
Со оваа победа, Мелбурн се искачи на четвртото, а Нов Зеланд го зазема четиринаесеттото место.



