Честитки до Ливерпул откако вчера и официјално стана шампион на Англија стигнаа и од поранешната ѕвезда на големиот ривал Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд кој прво се пошегува, а потоа упати честитки до избраниците на Клоп.
“Се враќам брзо. Се гледаме за неколку недели, – прво напиша Рио, за потоа да испрати поддршка до шампионите на Англија.

Честитки до Ливерпул. Шампиони во Премиер лигата. 28 победи од 31 натпревар… пофалби за вас! Тотално заслужено… Немилосрден апетит…посебно по тоа што се случи минатата сезона кога ја загубија титулата, а беа толку добри. Ментално цврсти!” , –напиша Фердинанд.




