Екипата а Сиднеј Рустерс продолжува со својата доминација по рестартот на сезоната. Имено, актуелниот шампион, по воведните два порази, денес ја запиша петтата победа во низа. ,,Петлите” со 26-12 славеа над Ст. Џорџ Илавара Драгонс и воедно ја прекинаа нивната серија од две врзани победи.
Најзаслужен за победата на Рустерс е Морис, кој постигна хет-трик. Освен него, по еден есеј забележија и Вереа-Харгривс и Кери, а Фланаган успешно реализира три конверзии. За Драгонс, едно полагање постигна Равалава, а останатите осум поени се дело на Ломакс (еден есеј, една конверзија и еден пенал).
Со овој триумф, Сиднеј изби на второто место каде што ќе остане минимум еден ден т.е. додека Парамата Илс не го одиграат својот меч. Од друга страна, Ст. Џорџ Илавара е дванаесеттопласиран тим на табелата.