Најдолгиот натпревар сезонава во МЛБ го одиграа екипите на Оукленд Атлетикс и на Хјустон Астрос.
На двете првопласирани екипи во Западната дивизија на Американската лига им требаа дури тринаесет ининга, односно четири дополнителни периоди, за да го одредат меѓусебниот победник. Накрај, Оукленд дојде до победата од 3-2 со двата поени за пресврт во завршницата.
Единствениот хоум-ран на мечот го постигна Роби Гросмен (Оукленд) во седмиот ининг за израмнување на резулатот на 1-1 во тој момент.
Со оваа победа, Оукленд дополнително се зацрвсти на првата позиција во својата дивизија со учинок од 10-4 односно четири победи повеќе од второпласираниот денешен ривал.