Во дербито на денот во НБА се соочија екипите на Бостон Селтикс и на Торонто Рапторс. До победата стигнаа Селтикс со резултат од 100-122.
Бостон ја имаше резултатската контрола во текот на цел натпревар, а преднноста во еден наврат изнесуваше и четириесет поени.
Единствен играч и од двете екипи со дабл-дабл учинок беше Даниел Тајс (Бостон) со единаесет поени и единаесет скокови. Најефикасни играчи од победничкиот состав беа Џејлен Браун и Џејсон Татум со по дваесет односно осумнаесет поени. Од Торонто, најмногу поени постигна Фред ВанВлит: тринаесет.
Бостон, со овој триумф, отиде на 46-23 и се приближи на само три победи од второпласираниот денешен ривал, кој има учинок од 49-19.