Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс се два од трите најуспешни екипи во историјата на МЛБ, кои и покрај ова, се наоѓаат географски близу што дополнително го зголемува нивниот ривалитет.
Синоќа, овие екипи се соочија на „Јенки Стадиум“ во Њујорк. До победата дојде домашниот тим на Њујорк Јенкис, кој славеше со 5-2.
Сите пет поени на победничкиот состав дојдоа после хоум-ран во првиот и вториот ининг. Во првиот ининг, Арон Џаџ го постигна својот четврти хоум-ран на четвртиот натпревар по ред за отварање на резултатот, а во вториот ининг, Џио Уршела постигна хоум-ран вреден четири поени поради трите претходно освоени бази. Ред Сокс ги постигнаа своите два поени во третиот ининг со трчање.
Со оваа победа, Јенкис имаат учинок од 6-1 и ја заземаат првата позиција на табелата на Источната дивизија во Американската лига, додека, во истата дивизија, Бостон е последен (петти) со учинок од 3-6.



