Чикаго Кабс и Милвоки Бруерс, синоќа го одиграа својот втор меѓусебен дуел во новата сезона. На првиот натпревар, Кабс славеа со 3-0, но „Пиварите“ од Висконсин го возвратија ударот.
Имено, Милвоки дојде до победа од 3-8 и после два натпревари има учинок од 1-1. Истиот учинок го делат и шампионите од 2016 – Чикаго Кабс.
Бруерс ги постигнаа своите поени во вкупно пет ининзи односно по два во четвртиот, шестиот и седмиот и по еден во вториот и петтиот ининг. Чикаго постигна еден поен во првиот и два поени во петтиот ининг. На овој меч беа постигнати вкупно три хоум-ранови – Кристијан Јелич и Џастин Смоук за Милвоки односно Кајл Шварбер за Кабс.