Актуелните шампиони, Вашингтон Нешоналс и минатогодишните полуфиналисти, Њујорк Јенкис, се соочија синоќа во нивниот втор меѓусебен дуел во новата сезона.
На првиот дуел, Јенкис славеа со 1-4, додека синоќа, Вашингтон беше подобар со убедливи 9-2. Освен големиот број на поени, овој натпревар беше „украсен“ и со еден од кандидатите за најдалечен хоум-ран во новата сезона, без разлика што сезоната штотуку започна!
Имено, „автор“ на ова ремек-дело беше удирачот на Јенкис, Џанкарло Стентон, кој во четвртиот ининг, при резултат од 3-1 и фрлање од Ерик Фед, успеа да ја лансира топката неверојатни 483 стапки.
Оваа бројка е еднаква на 147,2 метри, а брзината на ударот изнесуваше 195,2 км/ч.