Синоќа, Питсбург Пиратес и Милвоки Бруерс го одиграа третиот меѓусебен натпревари што воедно е последен од нивната почетна серија.
Откако на претходните два меѓусебни дуели, двете екипи успеаја да победат по една партија, синоќа, до победата дојде гостинскиот тим од Висконсин – Милвоки Бруерс.
Бруерс успеаја да слават со 0-3, а поените ги постигнаа во третиот и шестиот ининг. Во овие два ининга, постигнаа и по еден хоум-ран односно Бен Гемел во третиот и Кестон Хиура во шестиот. За Гемел, ова беше прв хоум-ран во новата сезона, додека Хиура, на два меча во низа, постигна по еден хоум-ран во шестиот ининг.
На табелата во Централната дивизија на Националната лига, Милвоки е второпласиран со учинок од 3-3, продолжувајќи ја наизменичната серија од пораз, па победа уште од самиот почеток на сезоната. Од друга страна, Питсбург, со 2-4, е последен (петти) тим во истата дивизија.