Балтимор Ориолс, синоќа, го одиграа својот четврти натпревар во новата МЛБ сезона, кој воедно беше и прв на „Ориол Парк“ – нивниот домашен терен. Противници на Ориолс на овој меч беа Њујорк Јенкис, кои славеа со убедливи 3-9.
На натпреварот беа постигнати вкупно четири хоум-рани. За Јенкис, во првиот ининг, хоум-ран постигна ДиЏеј ЛеМеју, а во третиот ининг, до хоум-ран стигнаа и Арон Џаџ и Арон Хикс.
Единствениот хоум-ран за домаќините го постигна Двајт Смит Џуниор во седмиот ининг.
Со оваа победа, Јенкис избија на првото место во Источната дивизија на Американската лига со учинок од 3-1, додека Балтимор е претпоследен (четврти) со две победи и два порази.