Екипата на Њујорк Метс се соочи со Бостон Ред Сокс по вторпат во изминатите два дена и ја избори втората победа над истиот соперник.
Метс, синоќа, изборија победа од 3-8 со одличниот втор и осми ининг во коишто забележаа по три поени. До својата прва дебитантска победа на својот прв МЛБ натпревар стигна фрлачотДејвид Питерсон, кој беше избран како дваесетти пик на изминатиот драфт. Единствениот хоум-ран на мечот го постигна Џеј Ди Дејвис (Њујорк Метс).
Бостон ја започна сезоната со убедлива победа од 13-2 над Балтимор Ориолс, но ги загуби сите од наредните четири натпревари. Од друга страна, Метс имаат учинок од 3-2.