Контроверзното МЛБ финале од 2017 беше двобојот помеѓу екипите на ЛА Доџерс и Хјустон Астрос. Астрос, на контроверзен начин ја освоија својата прва титула откако во финалето ги победија претставниците на Калифорнија со вкупни 4-3.
Токму истите екипи се соочија и синоќа на „Минут Меид Парк“ во Хјустон за првпат после горенаведената финална серија (првпат оттогаш домаќин е Хјустон). Сепак, епилогот, овој пат, беше поразличен – Доџерс успеаја да слават со 2-5 и да ја прекинат серијата од двата последователни порази.
Единствениот хоум-ран на мечот го постигна удирачот на Астрос, Карлос Кореа, во вториот ининг. Пресуден елемент за победата на Лос Анџелес беше петтиот ининг во којшто ги забележаа сите пет поени.