Шампионите од 2016, Чикаго Кабс, успеаја да ја запишат и својата втора победа во низа, воедно и втора над истиот ривал – Ст. Луис Кардиналс. Во меѓусебната серија, Кардиналс славеа на првиот меч, а наредните два ги добија Кабс. Синоќа, екипата од Чикаго славеше со 6-3.
Кабс ги постигнаа своите поени во третиот, четвртиот, петтиот и седмиот ининг, додека Кардиналс поентираа само во петтиот и осмиот. На мечот беа постигнати два хоум-рани од кои и двата беа дело на играчите на Чикаго – Ијан Хап и Кајл Шварбер.
Двете екипи се наоѓаат во Централната дивизија на Националната лига каде што Чикаго Кабс ја заземаат првата позиција, а Кардиналс се трети.



