Салават Јулаев Уфа, веќе после седум одиграни средби во новата сезона, дојде до максималните четиринаесет поени и остана на врвот на Источната конференција.
Седмиот тим што загуби од ,,Зелените” во сезоната 2021/22 беше Динамо Минск, кој денес беше поразен со минимални 1-0.
Салават дојде до предност во тринаесеттата минута од втората третина, кога мрежата на Алексеј Колосов ја затресе Финецот Маркус Гранлунд.
Во третиот период, гостите од Белорусија, наместо да нападнат, одиграа релативно слабо и беа лимитирани на само четири шутеви.
Голманот на Уфа, Јуха Метсола, ги одбрани 21/21 противнички удар и го запиша првиот шут-аут во новата сезона.
Динамо и покрај поразот, остана во плејоф-зоната, заземајќи го осмото место во Западната конференција.