Во осмото коло од англискиот Чемпионшип, екипата на Лутон испушти огромна шанса за запишување на третата овосезонска победа.
Имено, ,,Шеширџите” дојдоа до четвртиот последователно реми, откако одиграа 3-3 против Свонси на домашен терен.
Фудбалерите на Лутон, на полувремето имаа сè во свои раце бидејќи водеа со 3-0, благодарение на Лук Бери (7′) и на Елиџа Адебајо (15′ од пенал, 23′).
Во вториот дел, Велшаните ја презедоа иницијативата и постигнаа три гола во завршните триесет минути.
Освен новајлијата Џејми Патерсон (63′), во листата на стрелците се запишаа и резервистите од клупата – Оливие Нчам (86′) и Џоел Пиро (90+1′).
На табелата, Лутон го зазема тринаесеттото место, додека Свонси излезе од ,,црвената” зона поради подобрата гол-разлика во однос на Питерборо.