По двата меѓусебни порази во низа, Оукленд Атлетикс успеаја да ги совладаат актуелните вицешампиони, Тампа Беј Рејс, со резултат од 2-3.
Имено, Тампа Беј поведе со 1-0 уште во првиот ининг, по што следуваше пресврт од 1-2 во корист на Оукленд.
Во петтиот ининг, Рејс израмнија на 2-2, а во последниот период, Атлетикс го поставија конечниот резултат.
Двата поени за домашниот состав ги постигна Брендон Лоу, еднаш со освоени четири бази и еднаш со сингл хоум-ран.
Од друга страна, со хоум-ран поентираше Мет Чапман, а во листата на поентерите се запишаа уште Марк Кања и Џед Лоури.
Од сите фрлачи, најмногу се истакна Крис Басит (Оукленд), кој направи девет страјк-аути за шест ининзи.
На табелата на Американската лига, непосредно по натпреварот, Оукленд (16-10) го заземаше третото, а Тампа Беј (13-13) – осмото место.