Синоќа, во Кливленд, Охајо, беше одржана првата рунда од 86. издание на НФЛ драфтот.
На него, поради најслабиот учинок од минатата сезона, првиот пик го имаше екипата на Џексонвил Џагуарс.
Истиот, очекувано, беше искористен за селектирањето на Тревор Лоренс, кој играше на позицијата квотербек во колеџот Клемсон.
Лоренс е роден на 6 октомври 1999 во Ноксвил, Тенеси, а минатата година беше избран за најдобар играч во Атлантската конференција.
Со вториот и со третиот пик, исто така беа изберени квотербекови.
Имено, Њујорк Џетс, иако го селектираа Сем Дарнолд како трет пик во 2018, сепак се одлучија оваа година да го присвојат Зек Вилсон од колеџот БЈУ.
Од друга страна, третата селекција ја имаа Сан Франциско 49ерс, на кои неколку часа пред драфтот им беше одбиен трејд од Грин Беј Пекерс за Арон Роџерс.
Поради тоа, без да го соопштат фактот меѓу себе, вицешампионите од 2019/20 го избраа Треј Ленс, кој ги бранеше боите на Норт Дакота Стејт.
Во продолжение, со четвртиот пик, Атланта Фалконс го зедоа тајт-ендот на Флорида – Кајл Питс.
Синсинати Бенгалс решија на новиот лидер Џоу Бароу да му донесат познаник на фаќачката позиција, па така го истрошија петтиот пик за вајд-рисиверот Џа’Мар Чејс од ЛСУ.
Освојувачот на Хајсмен Трофи, еквивалент на МВП награда во НЦАА, беше вајд-рисиверот ДеВонта Смит, кој заврши во Филаделфија Иглс со реден број десет.
Пред него, беа селектирани Џејлен Ведл (вајд-рисивер од Алабама), Пенеи Суел (текл од Орегон), Џејси Хорн (корнербек од Саут Каролина) и Патрик Суртејн (корнербек од Алабама).
Нивните избирачи по соодветен редослед беа Мајами Долфинс, Детроит Лионс, Каролина Пантерс и Денвер Бронкос.
Во соработка со НФЛ Македонија