
Во рамките на синоќешната НХЛ програма се одигра седмото дерби на Њујорк во тековната сезона.
На него, Ајландерс ги совладаа Ренџерс со 0-4 и дојдоа до петтата овосезонска меѓусебна победа.
Во првата третина, мрежата на Игор Шестјоркин ја затресоа Лео Комаров и Оливер Валстром, кои му донесоа капитална предност од 0-2 на својот тим.
Во наредните два периоди, Ајландерс уште по еднаш стрелаа во противничкиот гол преку Ентони Бовилие и преку Метју Барзал.
Голманот на победничкиот состав, Семјон Варламов, дојде до шестиот овосезонски шут-аут со 25/25 одбранети удари.
На табелата на Источната дивизија, Вашингтон Капиталс и Питсбург Пенгуинс веќе обезбедија плејоф, а Ајландерс се на само три поени од истото достигнување.
Од друга страна, Ренџерс се петти и заостануваат шест поени во однос на Бостон Бруинс, кои ја заземаат четвртата позиција.



