Единствениот синоќешен меч во НХЛ го одиграа екипите на Чикаго Блекхокс и на Колумбус Блу Џекетс.
Двете екипи се соочија за првпат после 29 декември 2019, а до победата дојде Колумбус, кој славеше со 1-2.
Гостите поведоа уште во првата третина преку Оливер Бјоркстранд, а Ерик Робинсон ја удвои предноста на почетокот на вториот дел.
До крајот, Блекхокс успеаја само да го намалат својот заостаток благодарение на Дилан Сторм.
Со новите два поени, Колумбус остана на првото место на Централната дивизија, додека третиот врзан пораз го спушти Чикаго на шестото место.
📸 Chris Sweda / Chicago Tribune