Интер успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Италија, победувајќи го градскиот ривал Милан. ,,Нераѕурите” губеа со 1:0 на полувреме, но со пресврт во вториот дел стигнаа до меч против Јувентус во следната фаза.
Кристијан Ериксен беше херојот на Интер, откако влезе пред крајот на средбата и го даде погодокот за победа. Ериксен одлично изведе слободен удар кој беше незадржлив за голманот на Милан, Татарушану.
И покрај тоа што Ериксен донесе победа на Интер, Конте вели дека не планира да му даде повеќе шанса на играчот кој дојде како големо засилување од Тотенхем. Стратегот дури го спореди Ериксен со рагби играчите кои се специјализирани само за шутеви.
„Во рагбито постојат играчи кои влегуваат од клупата само за да шутнат . Се надевам дека Кристијан ќе ни помогне и во други ситуации и тоа секако може да биде дополнително оружје за нас. Но, играчот не може да биде на теренот само затоа што знае да изведува слободни удари“ – изјави Антонио Конте.