Негативната серија на Винипег Џетс се зголеми на четири загубени натпревари после синоќешниот пораз од Минесота Вајлд со убедливи 7-1.
Вајлд направија серија од 6-0 заклучно со средината на третата третина при која стрелаа пет различни хокеари – Алекс Голигоски, Матс Зукарело (х2), Рајан Хартмен, Џон Мерил и Метју Дамба.
На пет минути пред крајот, Пјер-Лук Дубуа ја искористи играчката предност на Винипег и постигна почесен погодок за својот тим.
Сепак, предноста од шест погодоци на Минесота беше вратена само четиринаесет секунди подоцна преку најдобриот клупски поентер – Кирил Капризов.
Непосредно по натпреварот, Минесота остана на третото место во Западната конференција, додека Винипег падна на седмата позиција.