Во премиерниот натпревар од синоќешната НБА програма, ЛА Клиперс ги поразија Детроит Пистонс со 107-96.
Домаќините од Лос Анџелес дојдоа до петтата меѓусебна победа во низа, откако водеа во текот на цел натпревар.
Клиперс го започнаа мечот со серија од 8-0, а во третата четвртина поведоа и со максимални +29.
Од редовите на победничкиот состав, најефикасен со 21 поен беше Реџи Џексон, а дабл-дабл забележаа Теренс Ман (16 поени и 10 скокови) и Ивица Зубац (10 поени и 13 скокови).
На спротивната страна, поентерски нерасположен, а воедно и единствен со две двоцифрени статистики беше Џерами Грант со 20 кошеви и со 10 скокови.
Во Западната конференција, Клиперс (11-8) го заземаат петтото место, додека Пистонс (4-15) се претпоследни на Истокот.