
Неделната програма на НХЛ беше отворена со возбудливиот натпревар во кој, Минесота Вајлд триумфираа над Нешвил Предаторс со 4-3.
На стартот на третата третина, домаќините водеа со 3-1, но до крајот, гостите го израмнија резултатот на 47 секунди пред крајот.
Сепак, само 26 секунди подоцна, Рајан Хартмен ја затресе гостинската мрежа и му донесе целосен плен на својот тим.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците двапати влезе Кирил Капризов, а еднаш погоди и Брендон Дуејм во деветтата секунда од вториот период.
На спротивната страна, голманот Филип Густавсон го матираа Томас Новак, Роман Јоси и Нино Нидерајтер.
Во Западната конференција, Минесота се наоѓа на осмото место, а Нешвил ја зазема десеттата позиција.