
На 30 октомври 2022, АЕК го совлада ПАОК со 2-0 во рамките на десеттото коло од грчката Супер лига.
Оттогаш, претставниците на Солун немаат ниеден пораз, а во дваесет и третата рунда од првенството го возвратија ударот и славеа над АЕК со ист резултат.
Пред исполнетите трибини на стадионот ,,Тумба”, домаќините постигнаа по еден гол и во двете полувремиња, а стрелци беа Калед Нареј (14′) и Константинос Кулиеракис (62′).
За гостите од Атина, ова беше прв пораз по деветте последователни победи, кој ги остави во сенка на лидерот Панатинаикос, заземајќи го второто место.
Од друга страна, ПАОК се наоѓа на четвртата позиција со седум бодови заостаток во однос на врвот.