Триатлон и пливачки клуб 3Дисциплини го заврши првиот месец од зимските подготовки пред редовните припреми за натпревари.
Клубот на секој можен начин бара начин за активност на нашите членови преку целата година . За таа цел викендите беа искористени со активност за скијање . Имено триатлон клубот 3Дисциплини во соработка со месна заедница Вишни го доби ски лифтот под концесија за работење и враќање на зимскиот туризам во с.Вишни. Со иницијатива и соработка помеѓу месна заедница Вишни и 3Дисциплини ,после повеќе од 20 години повторно се активира работата на познатата ски стаза во С. Вишни,се презедоа активности за средување на стазата и жичарата.
Се набави ратрак и уште два помошни ски лифтови за доброто на сите Стружани преку зимскиот период а не само на нашите членови.
Од страна на месна заедница Вишни се реши долгогодишниот проблем со патот до с.Вишни,со поставување на нов асвалт веќе оваа пролет.
Но поради недостаток на снег оваа година активностите пред нашите припреми во тек на викендите ги правевме во г.Белица. каде што беше поставен ски лифт од нашиот клуб за доброто на сите кој што сакаа да скијаат заедно со нашите членови и при тоа не беше наплаќано.
Се оградуваме од било какви други дезинформации од други несоодветни портали.
Пред нас претстои нова триатлон ,пливачка и велосипедска сезона па веќе од наредниот месец започнуваме со првиот натпревар во Ријека, Хрватска.
Огромна благодарност до порталот ЈАВИСЕ ЈУЖНА за целата поддршка што ја добиваат нашите членови во текот на целата година,а благовремено ги известуваат на целата јавност со точни информации.
Споетски поздрав