
Заедно со Аризона Дајамондбекс, Балтимор Ориолс ја имаат најлошата серија од сите екипи во МЛБ.
Имено, синоќа, Ориолс го запишаа деветтиот пораз во низа, откако загубија со 3-2 од Минесота Твинс.
Балтимор поведе со 0-1 во првиот ининг преку хоум-ранот на Треј Мансини, но со трите поени во шестата деветтина, домаќините стекнаа капитална предност.
За Минесота, хоум-ран постигна Мигел Сано, додека бази имаа освоено Макс Кеплер и Нелсон Круз.
Во последниот период, почесниот поен за Ориолс повторно го забележа Мансини, по ударот на Маикел Франко.
Непосредно по натпреварот, Минесота (20-29) ја заземаше тринаесеттата, а Балтимор (17-32) – последната петнаесетта позиција во Американската лига.



