Вегас Голден Најтс, иако водеа со вкупни 3-1 против Минесота Вајлд во осмина-финалната серија од НХЛ, сепак не успеаја да изборат пласман во наредната фаза.
Имено, Минесота славеше на последните две средби и со вкупни 3-3 избори ,,мајсторка”.
Синоќа, Вајлд беа подобри од Голден Најтс со 3-0, благодарение на трите погодоци во третата третина.
Голгетери за победничкиот состав беа Рајан Хартмен, Кевин Фијала и Ник Бјугстад, кои трипати ја затресоа мрежата на Марк-Андре Флери во интервал од единаесет минути.
На голот на домашниот состав стоеше Камерон Талбот, кој со 23/23 одбранети удари дојде до вториот шут-аут во тековниот плејоф.
Седмиот дуел помеѓу двете екипи ќе биде одигран на 29 мај со почеток од 03.00 часот наутро.
Крајниот победник, во четврт-финалето, ќе ги одмери силите со Колорадо Аваланш, кои со вкупни 4-0 ги поразија Ст. Луис Блус.