
Мајами Марлинс го запишаа шестиот последователен пораз, откако синоќа загубија со 3-2 од Сан Диего Падрес.
Од друга страна, Падрес ја оправдаа фаворитската улога и ја продолжија добрата серија на четири победи од последните пет натпревари.
После петтиот ининг, домаќините водеа со 3-0, после четирите освоени бази на Мани Машадо, на Трент Гришам и на Мет Бити.
Во шестата деветтина, хоум-ран за Марлинс постигна Хесус Агилар, додека на базите стоеше Џез Чисхолм за поставување на конечниот резултат.
Во Националната лига, Сан Диего (18-9) скокна на четвртата позиција, додека Мајами (12-14) го држи деветтото место.