
Блекпул е првиот патник во Лиг 1, откако во претпоследното коло од Чемпионшип загуби од Милвол со 2-3.
,,Мандарините” останаа на претпоследното место, но без шанси за излез од ,,црвената” зона, додека Милвол се врати во плејоф-зоната на петтата позиција.
На натпреварот, гостите од Лондон поведуваа во три наврати при што, домаќините успеаја само двапати да го израмнат резултатот.
За Блекпул, во финишот на првото полувреме, од белата точка реализираше Џери Јејтс (п. 36′), а во вториот дел погоди Луис Фиорини (67′).
На другата страна, голманот Даниел Гримшоу го совладаа најдобрите стрелци на Милвол – Том Бредшоу (2′, 59′) и Зијан Флеминг (п. 75′).