
Далас Старс изборија пласман во четвртфиналето на НХЛ, добивајќи ја осминафиналната серија против Минесота Вајлд со 4-2.
Во шестиот меѓусебен дуел, претставниците на Тексас триумфираа на гостински терен со резултат од 1-4.
После две третини, гостите водеа со 0-3 при што, прецизни беа Роопе Хинтц, Вајат Џонстон и Мејсон Марчмент.
На седум минути пред крајот, Фредерик Годро намали на 1-3, а во последната минута, празната мрежа на Вајлд ја искористи Макс Доми.
Во втората фаза, Далас ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Колорадо Аваланш и Сиетл Кракен.