Битката за плејоф во Националната лига, во рамките на МЛБ, ретко кога е била поинтересна.
На само еден натпревар до крајот на скратената регуларна сезона, Синсинати Редс (30-29) и Милвоки Бруерс (29-30) ги заземаат седмата и осмата позиција, а нивен кикс, од деветтото место, ќе чекаат Сан Франциско Џајантс (29-30).
За дојдат до оваа поволна позиција, Бруерс синоќа ги поразија дивизиските ривали, Ст. Луис Кардиналс, со 0-3.
Одличен меч за претставниците на Висконсин имаше фрлачот Брендон Вудраф, кој направи десет ,,страјк-аути” и ги лимитира противниците на само два удари.
Што се однесува до удирачите на Бруерс, по еден хоум-ран во четвртиот ининг постигнаа Рајан Брон и Даниел Вогелбах.



