Минатата сезона, Болтон беше релегиран од Лиг 1 во Лиг 2 за првпат после четири децении.
Заради експресна промоција, поранешните прволигаши се засилија на речиси сите позиции. Дел од новите трансфери се: Алекс Баптист, Рајан Дилејни, Рикардо Сантош, Џорџ Тафт, Ентони Сарчевич, Еоин Дојл и Нејтан Делфунесо. Освен новите играчи, беше доведен и нов тренер – Ијан Еват.
Еват, минатата сезона, направи чуда со екипата на Бероу во петтата лига и им ја донесе првата промоција во професионалниот англиски фудбал после 1972 година.
Сепак, англискиот стратег, засега не се вклопи најдобро во новата средина.
Болтон, иако најголем фаворит на хартија за директна промоција, моментално е на само едно место над опасната зона.
Во првите три кола, ,,Белите” запишаа исто толку порази, притоа без ниеден постигнат погодок.
Најпрво, Форест Грин беше подобар од ,,фаворитите” со 0-1, а потоа следуваа поразите од Колчестер (2-0) и од Њупорт (0-2).
,,Разочарани сме. Мора да се подобриме брзо.” – се огласи дефанзивецот Џорџ Тафт по вчерашниот пораз од Њупорт.



