По трите последователни порази, Милвоки Бруерс одлично се вратија во колосек декласирајќи ги Детроит Тигерс со неверојатни 0-19.
Бруерс не постигнаа поени само во првиот, во петтиот и во осмиот ининг, а во шестиот ининг забележаа дури пет поени.
Претставниците на Висконсин постигнаа и пет хоум-рани, а во листата на стрелците се запишаа Џед Гјорко (х2), Џејкоб Нотингем, Рајан Браун и Тајрон Тејлор.
После овој меч и двете екипи имаат учинок од 19-22, само што Милвоки е трет во Централната дивизија на Националната лига, а Детроит е четврти во Централната дивизија на Американската лига.