Тампа Беј Лајтнинг поведоа со 2-0 во полуфиналната серија против Њујорк Ајландерс.
Синоќа, хокеарите од Флорида славеа со 2-1 за да ја остварат втората победа.
Најпрво, Ајландерс поведоа со 1-0 преку Мет Мартин после неполни две минути игра. До крајот на првата третина, Вијтор Хедман израмни на 1-1.
Во вториот дел немаше голови, а победничкиот погодок падна дури на крајот на третиот период, односно само девет секунди пред крајот на натпреварот, а стрелец беше Никита Кучеров.