ЛА Клиперс поведоа со 3-1 во полуфиналната серија против Денвер Нагетс со денешната победа од 85-96.
Клиперс стекнаа рано водство, кое само се билдаше како што одминуваше времето. Нагетс успеаја да израмнат само во еден наврат, но претставниците на Лос Анџелес повторно ја вратија двоцифрената разлика.
Каваи Ленард (ЛА Клиперс) беше најефикасен кошаркар на мечот со дабл-дабл учинок од триесет поени и единаесет скокови. Сличен учинок имаше и најефикасниот играч на Денвер, Никола Јокиќ, но со четири поени помалку.



