
Милвоки Бруерс синоќа ги декласираа Питсбург Пиратес со 0-9 и на тој начин го задржаа чекорот со водечките две екипи.
Имено, Бруерс (59-42) ја заземаат третата позиција во Националната лига со две, односно со четири победи заостаток во однос на ЛА Доџерс и на Сан Франциско Џајантс.
Од друга страна, во истата конференција, Пиратес (38-62) се претпоследни, подобри само од Аризона Дајамондбекс.
На последниот натпревар, веќе после два ининзи, Милвоки водеше со убедливи 8-0, а деветтиот поен беше додаден во последниот период.
Хоум-ран за победничкиот состав забележаа Омар Нарваез (заедно со уште еден поен со трчање) и Рауди Тељез, додека по четири бази освоија Вили Адамес (х2), Ависаил Гарсија (х2), Брет Андерсон и Колтен Вонг.