
Во тековниот месец јули, Сан Франциско Џајантс победија на четири од вкупните пет меѓусебни дуели со ЛА Доџерс.
Токму последниот триумф, ,,Гигантите” го остварија синоќа, откако славеа со 2-1.
Најпрво, Доџерс се стекнаа со почетно водство преку Коди Белинџер, кој поентираше со трчање во петтиот ининг.
Само една деветтина подоцна, Остин Слејтер израмни на 1-1, а во осмиот период, пресвртот на домаќините го комплетираше Бастер Поуси.
Стартните фрлачи и на двете екипи, Логан Веб (Џајантс) и Хулио Уријас (Доџерс) освоија по пет страјк-аути.
Во Националната лига, Сан Франциско (63-37) се наоѓа на врвот и ги оддалечи Доџерс (61-41) на две победи разлика, односно на второто место.