
Претпоследната женска трка од Светското првенство во алпско скијање беше денешниот велеслалом во Мерибел, Франција.
На него, седмото светско злато, односно прво во оваа дисциплина, го освои Микаела Шифрин (2:07,13), која ја одбрани предноста од првата серија.
На втората позиција заврши Италијанката Федерика Брињоне (+0,12), додека третото место и’ припадна на Рагнилд Мовинкел (+0,22).
За девет стотинки, без медал остана Лара Гут-Бехрами (+0,31), а под една секунда доцнеа уште Марта Басино (+0,80), Мина Фирст Холтман (+0,92) и Петра Влхова (+0,93).