
Адмирал Владивосток го стави во неизвесност своето учество во плејофот на КХЛ после денешниот пораз од АК Барс Казањ со 0-3.
Претставниците на далечниот Исток на Русија останаа на седмото место на табелата, но само со четири бода предност пред Амур Хабаровск, кој е првиот тим надвор од плејоф-зоната.
Од друга страна, АК Барс Казањ остана на лидерската позиција со пет бодови предност во однос на второпласираниот Автомобилист Екатеринбург.
На денешната средба, стрелци за победничката екипа беа Илја Сафонов, Дмитри Кагарлицки и Александер Радулов.
Нивниот соиграч, голманот Амир Мифтахов, запиша една асистенција и дојде до четвртиот шут-аут во сезоната со 31/31 одбранет шут.