Мајами Хит беа на чекор до сензација за да ги исфрлат Милвоки Бакс од четврт-финалето со вкупен резуктат од 4-0.
За првпат после деветнаесет години, најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната ќе доживееше ,,чистка” од 4-0 во плејофот. Последен пат, ова се случи во 2000/01, кога ЛА Лејкерс, во полуфиналето, беа поуспешни од Сан Антонио Спарс.
Сепак, на последниот меч, Милвоки дојде до победата со резултат од 115-118 после продолжение.
За Бакс, отежнителна околност беше повредата на Јанис Антетокумбо во втората четвртина, кој дотогаш забележа деветнаесет поени.
Накрај, најефикасен кошаркар беше Крис Мидлтон со 36 поени и по 8 скокови и асистенции. Од редовите на Мајами, Бам Адебајо уфрли 26 поени, придружени со 12 скокови за дабл-дабл учинок.



