Торонто Блу Џејс успеаја да го искористат киксот на Њујорк Јенкис, кои изгубија со 5-1 од Балтимор Ориолс, за да ја преземат втората позиција во Источната дивизија на Американската лига.
Екипата од Канада синоќа беше подобра од Бостон Ред Сокс, на гостински терен, со резултат од 8-10.
Најзаслужни ининзи за победата на Торонто беа петтиот и шестиот во коишто постигнаа дури девет поени.
Иако поразени, Ред Сокс запишаа двојно повеќе хоум-рани од своите ривали (4-2). За домаќините поентираа Кевин Плавецки, Боби Далбек, Хозе Пераза и Ксандер Богартс, додека, за гостите, најдалеку ја упатија топката Кејлеб Џозеф и Рауди Тељез.
За Блу Џејс, овој беше најдолг натпревар во девет ининзи во историјата на франшизата, кој траеше четири часа и дваесет и три минути.



