Англија го доби и вториот меч од интернационалната Т20 серија против Австралија и тоа со резултат од 158/4 (18.5) – 157/7 (20).
Претставниците на најмалиот континент удираа во првиот ининг, а Арон Финч и Маркус Стоинис беа најефикасни со 40, односно 35 постигнати поени.
Во вториот ининг, од англиските крикетари, најмногу се истакнаа Џос Батлер (77 поени) и Давид Малан (42 поени).
Што се однесува до фрлачите, само двајца, по еден и од двете селекции, земаа два викети: Крис Џордан од Англија (2-40) и Ештон Агар од Австралија (2-27).