
Осмото коло од англискиот Чемпионшип беше затворено со 149. издание на популарното ,,Тис-Вер дерби”.
Имено, по 51. пат во историјата, Мидлсброу го порази Сандерленд, триумфирајќи со минимални 1-0.
Дербито го носи ова име од географски причини, односно по реките Тис и Вер, кои се наоѓаат помеѓу двата града.
На натпреварот, двете екипи пружија изедначена игра, која беше решена со голот на Рајли МекГри во 25. минута.
Со новите три бода, Мидлсброу ја напушти ,,опасната” зона и скокна на седумнаесеттото место, додека Сандерленд е осми.