Денес беа извлечени двојките за второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Бутел Скопје за противник го доби тимот на Алпла Хард од Австрија.
Бутел и Алпла Хард првиот дуел ќе го одиграат на 27 септември во Австрија, додека реванш натпреварот ќе се игра во Скопje на 4 октомври. Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во групната фаза во Лига на Европа.