
Динамо Москва дојде до четвртиот триумф на последните пет средби, откако го совлада Салават Јулаев Уфа со 0-4.
Претставниците на главниот град на Русија, со новите два поени, избија на првото место во Западната конференција.
Од друга страна, Салават и покрај четвртиот пораз на пет средби, остана на четвртото место на Истокот.
На мечот, двоен стрелец за Динамо беше Станислав Галиев, а по еднаш погодија Андреј Сергејев и Антон Белов.
Голманот Иван Бочаров беше стопроцентен со 22 одбрани и го запиша третиот шут-аут во сезоната.
Неговиот колега на спротивната страна, Јуха Метсола, нема по добро да го памти јубилејниот 350. меч во КХЛ, поради фактот дека беше заменет во втората четвртина после три примени голови.