
По вторпат во два дена, на женскиот спуст во Лејк Луис, Канада, убедливо издоминира Италијанката Софија Гоџа (1:48,42).
Веднаш зад Гоџа, по вторпат во низа, заврши Американката Бризи Џонсон (+0,84), а на третата позиција се пласираше Корин Сутер (+0,98).
Сите останати натпреварувачки доцнеа над една секунда, а во топ 5 завршија Корнелија Хитер (+1,16) и Кристине Шајер (+1,33).
Кај мажите, во истата дисциплина во Бивер Крик, САД, најбрз беше Александар Омодт Килде (1:39,63).
На второто место, како единствен со заостаток под една секунда, заврши Матијас Мајер (+0,66), а со бронза се закити Беат Фојц (+1,01).
Италијанците Матео Марсаља (+1,20) и Доминик Парис (+1,23) го комплетираа пласманот во првите петмина.