Екипата на Металург од Магнитогорск дојде до дванаесеттата победа во низа, откако денес славеше над АК Барс Казањ со 1-3.
Домаќините од Казањ го отворија дербито на Истокот со голот на Дмитри Кагарлитски на 24 секунди до крајот на првиот дел.
Во втората третина, гостите беа за нијанса подобри и успеаја да направат пресврт од 1-2 со головите на Брендан Лајпсик и на Анатоли Никонцев.
Третиот период помина во потполност во знакот на АК Барс, кои доминираа, како во статистичките параметри, така и на теренот.
Сепак, ниеден од шеснаесетте удари во последните дваесет минути не успеа да заврши зад грбот на Јуси Олкинуора, кој одбрани 35/36 шутеви (97,22%) во текот на цел натпревар.
Накрај, во момент кога домаќините имаа два играчи повеќе во напаѓачката третина, до погодок стигнаа ,,Лисиците” преку Денис Зернов, кој стрелаше на празна мрежа во последната минута.
Со новите два поени, Металург ја задржа првата позиција на Истокот, додека АК Барс се наоѓа на четвртото место со седум бодови заостаток во однос на денешниот ривал.