Женската репрезентација на Македонија доживеа убедлв пораз од Црна Гора со 21-29, во првиот натпревар од Евро-купот во салата „Борис Трајковски“. Јована Мицевска беше маестрална на голот и долго време ја одржуваше во живот нашата репрезентација со 10 интервенции. Во нападот Сара Ристовска постигна 6 гола, додека Леонида Гичевска додаде 5. Некогашната „вардарка“ Итана Грбиќ со 10 погодоци беше најефикасна кај Црна Гора.



